Ниту еден пропуштен повик
Кога линијата е зафатена, после работно време или за време на пауза, асистентот одговара наместо телефонот да ѕвони во празно.
Гласовен AI асистент на македонски
Виртуелен рецепционер кој разговара со вашите клиенти, одговара на прашања, проверува слободни термини и закажува директно во вашиот календар — додека вашиот тим си ја работи работата.
Кога линијата е зафатена, после работно време или за време на пауза, асистентот одговара наместо телефонот да ѕвони во празно.
Проверува реални слободни термини во вашиот календар и закажува само кога клиентот ќе потврди. Без измислени часови и цени.
Цени, работно време, локација, залиха — одговара точно според податоците што ги имате вие, а ве известува за сè што бара човек.
На вашиот постоечки број (кога е зафатено или после работно време), преку WhatsApp или од вашиот вебсајт.
Разбира говорен македонски, вклучително и разговорни изрази, и одговара природно, со кратки реченици.
Во Google Calendar, вашата залиха или софтверот што веќе го користите. Важните податоци секогаш ги повторува за потврда.
Е-пошта или порака со резиме за секое барање. Кога клиентот сака човек, го префрла на вработен или зема порака.
Сезонска замена на гуми, залиха и цени по димензија, закажување термини за дигалките.
Закажување прегледи кај вистинскиот доктор, цени и подготовка за анализи — без медицински совети.
Термини, поместувања и откажувања, информации за услуги — и кога сте со клиент.
Изберете демо бизнис, внесете го кодот за пристап и зборувајте на македонски. Бизнисите, цените и термините се измислени.
Пробајте да кажете:
Разговорот се обработува од AI сервиси за говор и јазик. Не кажувајте вистински лични податоци — користете измислено име и број.
Тука ќе се појави текстот на разговорот.
Проверки на календар и залиха, закажувања и пораки ќе се појават тука.
Да. Асистентот на почетокот се претставува како виртуелен асистент и најавува дека разговорот може да се снима.
Бара да повтори, а датумот, часот и телефонскиот број секогаш ги повторува за потврда. Ако и понатаму не оди, зема порака или го префрла на вработен.
Не. Најчесто се поставува пренасочување на повиците кога линијата е зафатена или после работно време, па асистентот ги прима само повиците што сега ги пропуштате.
Google Calendar работи веднаш. Други системи за закажување, CRM или вебшоп се поврзуваат преку API.
Зависи од бројот на повици и интеграциите. Почнуваме со пилот за да видите реални резултати пред да одлучите.