AI телефонски асистент · Box Media

Повеќе одговорени повици.Без дополнителен вработен.

Кога вашиот тим е зафатен или работното време е завршено, асистентот презема. Одговара на прашања, закажува термини и прима пораки според вашите правила — на македонски, албански и англиски.

За разговор во демото ви треба микрофон и бесплатен код. Побарајте код →

  • Го задржувате вашиот број
  • Вие одлучувате кога презема
  • Ние го поставуваме и одржуваме
24/7и навечер, за викенд и празници
МК · SQ · ENна јазикот на вашиот клиент
Ваши правилавие одлучувате кога презема

Кога ви треба уште еден пар раце

Вашиот тим работи.
Асистентот одговара.

Дополнителна поддршка на телефон, без да ангажирате уште едно лице за рутинските повици.

Проценете го обемот на повици →
01

Во најзафатените часови

Додека вработените се со клиент или на друга линија, асистентот ги презема пренасочените повици, според договорениот капацитет.

02

По работно време

Прашањата, барањата за термин и пораките се примаат и навечер, за викенд и празници, без дополнителна смена.

03

За прашањата што се повторуваат

Цени, работно време, локација, слободни термини. Асистентот одговара, а тимот се фокусира на работата пред себе.

Пробајте го разговорот

Како би звучел за вашиот бизнис?

Изберете демо, внесете бесплатен код и разговарајте на македонски, албански или англиски. Бизнисите и податоците се измислени.

Демо

Гуми и авто-сервиси

Сезонска замена на гуми, залиха и цени по димензија, термини за дигалките.

Пробајте го демото
Демо

Поликлиники и стоматолози

Термин кај вистинскиот доктор, цени, подготовка за анализи. Без медицински совети.

Пробајте го демото
Демо · МК + SQ

Осигурување

Цена на автоодговорност според киловати, обнова на полиса, први чекори при штета. И на албански.

Пробајте го демото
Демо

Недвижности

Пребарување станови по населба и буџет, закажување разгледување.

Пробајте го демото

Немате код? Побарајте бесплатен пристап. Потребен е микрофон.

Како се вклопува

Вашиот број. Вашите правила.

Клиентите се јавуваат како и досега. Заедно одредуваме кои повици ги прима асистентот и кога се вклучува вашиот тим.

Вашиот постоечки бројФиксен или мобилен
Кога сте зафатениПо работно времеИли сите повици
Вашиот AI асистентОдговор · термин · порака

Ние го поставуваме

Ги подготвуваме информациите, гласот и правилата. Поврзувањето е со пренасочување или уред на фиксната линија, зависно од вашиот оператор и опрема.

Човек кога е потребно

Кога е потребен вработен, асистентот го префрла повикот ако има достапна линија, или зема порака за повратен повик.

Капацитет според потребите

Основната услуга вклучува еден повик во исто време. Дополнителни истовремени повици се договараат при поставување.

По разговорот

Вие знаете што е договорено.

Без преслушување на секој разговор за да дознаете што барал клиентот. На едно место ги гледате резимето, пораките и следниот чекор.

  • Резиме, транскрипт и достапни снимки во вашиот портал.
  • Термин по потврда, или порака за вашиот тим.
  • Одговори според вашите податоци и правила.

Постоечки календар, CRM или веб-продавница се поврзува со договорена интеграција.

Вашиот преглед на повициПример
По работно време · 20:43

Барање за замена на гуми

Клиентот побара термин за утре попладне. По проверка и потврда е закажан во 16:30.

Закажан термин · утре, 16:30

Илустрација на резиме со измислени податоци.

Три јазици, еден асистент

На јазикот на клиентот.

Почнува на договорениот јазик и преминува на македонски, албански или англиски кога клиентот зборува на тој јазик или ќе го побара. Резимето за вашиот тим е на македонски.

МК МакедонскиSQ АлбанскиEN Англиски

Калкулатор на обем

Колку време може да ослободите за тимот?

Проценете кои повици би ги презел асистентот. Вклучете само повици што денес ги обработува вашиот тим за да го процените ослободеното време.

Проценето ослободено време месечно

11,6 часа

330преземени повици

990минути разговор

Проценка според вашите внесови, без време за проверка и следење. Повиците што сега се пропуштаат додаваат покриеност; не се постоечко работно време. Вклучени се 1.500 минути месечно; поголем обем се договара дополнително.

Да ги разгледаме вашите повици

Следниот чекор

Прво слушнете. Потоа одлучете.

Побарајте бесплатен демо код или разговор за асистент со вашите услуги, цени и правила.

  1. 1
    Краток разговор за вашите потребиГи разгледуваме повиците, работното време, капацитетот и системите што ги користите.
  2. 2
    Демо и јасна понудаГо слушате асистентот и добивате понуда со обем, интеграции и услови пред поставувањето.
  3. 3
    Пилот на вашиот бројПочнуваме со договорените повици и ги проверуваме резултатите со вашиот тим.

Да го слушнете на дело?

Кажете ни со што се занимавате и кога ви треба помош со повиците. Ќе ви испратиме бесплатен демо код.

Побарајте демо код

Демо пристапот е бесплатен и без обврска. Пилотот се договара одделно.

Сите можности и интеграцииПогледнете што е достапно и што доаѓа наскоро

Секоја можност е означена: што може да пробате во демото, што е достапно при поставување и што бара интеграција.

Разговор

  • Природен говорен македонскиВо демото
    Разбира разговорни изрази и измешани српски или англиски зборови.
  • Албански во ист повикВо демото
    Сам преминува кога клиентот зборува албански, и се враќа назад.
  • Англиски во ист повикВо демото
    За туристи и странци, во секое демо.
  • Други јазициПо барање
    Се додаваат кога вашиот бизнис има потреба.
  • Точно ги чита бројкитеВо демото
    Часови, датуми, цени и телефонски броеви, правилно изговорени.
  • Избор на гласВо демото
    Машки или женски глас што одговара на вашиот бизнис.
  • Се претставува искреноВо демото
    На почетокот кажува дека е виртуелен асистент.

Податоци и закажување

  • Одговори од вашите податоциВо демото
    Услуги, цени, работно време, локација и чести прашања.
  • Закажување по потврдаВо демото
    Нуди вистински слободни термини и запишува само кога клиентот ќе каже „да“.
  • Производи и залихаВо демото
    На пример, гуми по димензија од каталог со илјадници производи.
  • Статус на нарачкаСо интеграција
    Од вашата WooCommerce продавница, само кога телефонот на нарачката се совпаѓа.
  • Вашите системиСо интеграција
    Google Calendar, CRM, вебшоп или ваш софтвер преку API.

Телефон и известувања

  • Го задржувате бројотДостапно
    Фиксен или мобилен: асистентот ги прима повиците кога сте зафатени или не одговарате.
  • Префрлање на вработенДостапно
    Кога клиентот бара човек, повикот оди кај вас.
  • Пораки и повратни повициВо демото
    Зема име, телефон и што му треба на клиентот.
  • Резиме по секој повикВо демото
    Кој се јавил, што барал и што е договорено, и на е-пошта.
  • Известувања до вработенитеСо интеграција
    На е-пошта, Viber или Telegram.
  • WhatsApp повициНаскоро
    Истиот асистент одговара и на WhatsApp.
  • Потсетник ден пред терминотНаскоро
    Помалку клиенти што не доаѓаат.
  • Месечен извештајНаскоро
    Повици, минути и исходи за секој месец.
Во демотопробајте го денес Достапнопри поставување Со интеграцијаповрзување со ваш систем Наскорово развој
Дали одговара за друга дејност?Примери што ги прилагодуваме според вашиот процес

Ова се примери за примена, со опсег и поврзувања што ги договараме пред поставување.

Веб-продавници

Статус на нарачка, залиха, достава и враќање, со податоци од вашата продавница.

Убавина и велнес

Салони, барбери, спа и фитнес. Прашања за услуги, барања за термин и пораки, и додека сте со клиент.

Угостителство и туризам

Ресторани, хотели и апартмани, од Охрид и Струга до Скопје. Резервации, работно време, упатства до локацијата.

Ветеринарни клиники

Термини и чести прашања, а итните случаи веднаш стигнуваат како порака до ветеринарот.

Rent-a-car, авто-салони, автошколи

Слободни возила, цени, тест-возење и запишување.

Мајстори, влечна служба, такси

Адреса, проблем и итност, па веднаш известување до дежурниот.

Лизинг, сметководство, кредити

Потребни документи, услови и средба со советник. Без финансиски совети.

Двојазични средини

Тетово, Гостивар, Струга, Кичево, Скопје: клиенти на македонски и на албански во ист ден.

Практични прашања

Пред да почнеме.

Дали морам да го сменам телефонскиот број?

Го задржувате бројот. Зависно од операторот и опремата, поставуваме пренасочување или уред на фиксната линија. Заедно одредуваме кога асистентот презема.

Дали асистентот го заменува мојот тим?

Ги презема договорените телефонски задачи: рутински прашања, термини и пораки. Вашиот тим останува достапен за сложени барања, исклучоци и работа со клиентите.

Колку повици може да прими одеднаш?

Основната услуга вклучува еден истовремен повик. Дополнителен капацитет се договара одделно. Пред вклучување ги дефинираме и постапките кога сите договорени линии се зафатени.

Може ли да закажува во нашиот систем?

Може да работи со нашиот календар. Google Calendar, други системи за закажување, CRM или веб-продавница се поврзуваат со посебно договорена интеграција.

Што ако не го разбере клиентот?

Бара појаснување и ги повторува важните податоци за потврда. Ако барањето не може да се заврши, зема порака или се обидува да го префрли повикот на вработен.

Дали клиентите знаат дека зборуваат со AI?

Да. На почетокот се претставува како виртуелен асистент и кажува дека разговорот може да се снима.

Како се одредува цената?

Основната услуга вклучува 1.500 минути месечно и еден истовремен повик. Поставувањето, дополнителниот обем, капацитетот и интеграциите се наведени во понудата. Побарајте демо за да ги разгледаме вашите потреби.