Приватност
Како ги користиме вашите податоци
Последно ажурирање: 16 ноември 2026
Кој сме ние
Box Media го води AI Кол Центар (voice.box.mk) и одлучува зошто и како се користат податоците опишани подолу.
Кои податоци ги собираме и зошто
Барање за демо
Кога ќе го пополните формуларот за барање, ги примаме името, бизнисот, е-поштата, телефонот и пораката, ако ја напишете. Ги користиме за да ве контактираме со демо код или со понуда. Барањето се зачувува на наш сервер и го добива нашиот тим по е-пошта.
Демо разговор
За време на демо разговор вашиот глас и она што го кажувате се обработуваат во реално време од AI услуги за препознавање говор, јазичен модел, синтетички глас и телефонска инфраструктура. Давателите на овие услуги ги обработуваат податоците за наша сметка. Некои од нив може да ги обработуваат податоците надвор од Северна Македонија и Европската унија.
Демо разговорите се архивираат: снимката, транскриптот и резимето. Стандардно, снимките се чуваат до 60 дена, а транскриптите и резимињата до 180 дена, потоа се бришат. Во демото не кажувајте вистински лични податоци; користете измислено име и број.
Резиме по е-пошта
Ако побарате резимето од разговорот по е-пошта, адресата ја користиме само за да го испратиме. Во нашите технички записи ја чуваме само пратката (време, код и анонимен идентификатор), не и адресата.
Технички записи
За да ги почитуваме дневните ограничувања и да спречиме злоупотреба, чуваме запис со време, користениот код, избраното демо и краток анонимен идентификатор добиен од вашата интернет врска (хеширана IP-адреса, не самата адреса).
Мерење и реклами
Страницата може да вклучува алатки за мерење и рекламирање, на пример Google Analytics, Google Ads или Meta Pixel. Тие се вчитуваат само ако сме ги вклучиле и само откако ќе се согласите преку известувањето на страницата. Согласноста важи 180 дена и може да ја повлечете во секое време преку истото известување. Ако не се појави известување, ваквите алатки не се во употреба.
Поставки во прелистувачот
Го паметиме избраниот јазик (МК или EN) во вашиот прелистувач. Тоа не се испраќа до нас.
Кога се јавувате кај бизнис што го користи асистентот
Тогаш бизнисот е одговорен за податоците од вашиот повик, а ние ги обработуваме за негова сметка. На почетокот на разговорот асистентот кажува дека е виртуелен асистент и дека разговорот може да се снима.
Со кого ги споделуваме
Податоците не ги продаваме. Ги споделуваме само со давателите на услуги потребни за работата на страницата и демото (хостинг, говор и јазични услуги, е-пошта) и со вработени и соработници што ги обработуваат барањата. Може да откриеме податоци ако тоа го бара закон.
Вашите права
Имате право да побарате пристап до вашите податоци, исправка, бришење, ограничување на обработката и да се спротивставите на обработката. Пишете ни и ќе одговориме без одлагање. Ако сметате дека обработката не е во согласност со законот, имате право на жалба до Агенцијата за заштита на личните податоци на Северна Македонија.